Шестмина македонски научници се најдоа на листата со топ 2% научници во светот

- Advertisement -


Македонските научници Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов се најдоа на листата на топ 2% научници во светот, која што ја изработи тричлен тим предводен од проф. д-р Џон Јоанидис од Универзитот Стендфорд во САД. Листата е објавена во рамките на трудот „Updated science-wide author databases of standardized citation indicators“ во научното списание „PLOS Biology“.

Студијата вклучува рангирање на над 7 милиони научници од целиот свет од 22 научни области и 176 под-области, од кои е направена листата од над 150.000 научници врз основа на голем број на комбинирани библиометриски индикатори, без да се земе во предвид возраста на научниците, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.

- Advertisement -

Инаку, професорот Љупчо Коцарев во моментов е актуелен претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Леонид Грчев е професор и академик во МАНУ, Рубин Гулабоски е професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, додека Трајче Стафилов, Валентин Мирчески и Иван Грозданов се професори на Институтот за хемија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

(Meta.mk)

- Advertisement -

(фото: Plos Biology screenshot)

Сподели!
- Advertisement -