Британците имаат нова мотивација за изолација – 550 евра за да останат дома

- Advertisement -

Англискиот систем за тестирање и следење на корона вирусот овозможува исплата на поддршка од околу 550 евра на луѓето кои ќе се самоизолираат откако ќе добијат известување преку апликација. Парите веќе им беа достапи на луѓето на кои им беше наложено да останат дома преку програмата за следење контакти преку телефон, имејл или порака, но не и преку апликација поради анонимност.

Секој поединец кој во апликацијата ќе добие предупредување за самоизолација сега мое да ги регистрира своите податоци за да прими исплата. Силата заптита на приватноста на корисниците е главното барање на Apple и Google кога ја направија технологијата достапна за развој на апликации за следење контакти на луѓето заразени со КОВИД-19.

- Advertisement -

Одделни корисници конечно не мора да внесуваат лични податоци кога се регистрираат за употреба на апликацијата, што значи дека автоматски генерираните податоци за самоизолација не се се задолжителни.

Корисниците ќе останат анонимни откако ќе добијат известување ако не сакаат да бараат пари, велат од службите задолжени за следење на КОВИД-19.

- Advertisement -

Паричната помош е осмислена како потсетник за луѓето да останат дома кога ќе добијат позитивни резултати на тестото, за да се забави ширењето на вирусот.

(Tanjug)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -