Со кодови ќе се следи движењето на акцизните стоки

- Advertisement -

Акцизните стоки ќе добијат код со кој ќе се следи нивниот пат, а со цел да се сузбие даночната евазија која е 30 отсто од приходите. Владата ја прифати денеска предлог-одлуката за воспоставување на овој систем што ќе го контролира Царинската управа, а ќе се спроведува преку јавно-приватно партнерство.

-Се работи за алатка за борба против сивата економија и отстранување на даночната евазија во државата. Во конкретниот случај за акцизната евазија. Се работи за тракен трејсинг систем којшто секако е целосно согласно европската регулатива и се применува во многу европски земји. Намерата е да се оди по пат на јавно-приватно партнерство, но комплетно контролата на самиот систем да биде под Царинската управа на РСМ, односно тие го контролираат. По нашите претпоставки повеќе од 30 отсто е даночната евазија. Кога зборуваме за даноците, зборуваме и за акцизите во државата. ММФ лани или некаде на почетокот на оваа година излезе со став дека 37 отсто е даночната евазија, односо од Буџетот од 4 милијарди, 30 отсто е милијарда и 200, 37 отсто е милијарда и 400,  така што огромни средства во евра зборувам се  даночните евазии, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на денешната прес-конференција. 

- Advertisement -

Такви акцизни стоки се цигарите, односно тутунот, алкохолот, автомобилите, цигарите. За лековите контрола ќе има Министерството за здравство за да може секојпат да знае рокот на самите лекови, значи од кога е влезен, кога е рокот, до кога имаат рок на трајност, количините и залихите коишто ги имаат на располагање заради рационализација на лековите. Како држава трошиме огромни пари на лекови, а притоа се случува да се продаваат лекови коишто се на самиот истек на рокот на важење. На овој начин се поставува подобар менаџер на системот.  

-За првите три производи – автомобилот, алкохолот или цигарите се става код којшто електронски се следи од влез на границата, буквално до фрлање во канатата за смет на паклото цигари или празното шише од алкохолот, а автомобилот континуирано се знае од прилика како е влезен и како се користи преку ваквото чипирање, преку еден ваков код. Дополнително во нафтата се воведуваат нано честици коишто уште на самиот влез во државата задолжително се исполнува обврската да одат во резервоарите, а не директно на бензинските пумпи, каде што се прават потенцијални малверзации, односно избегнување одредени давачки се со конечна цел државата да ги наплати сите оние пари коишто ги губи од својот Буџет, а преку тоа создава нелојална конкуренција на вака скапи или луксузни производи како што се цигарите, алкохолот заради што под акцизи се и нафтата и слични производи, истакна Заев. 

Сподели!
- Advertisement -