Америка ја одобри и вакцината на Moderna, велат безбедна е и ефикасна

- Advertisement -

Вакцината на младата биотехнолошка компанија не претставува никаков специфичен безбедносен проблем кој би спречил издавање на итно одобрение за употреба, велат од америкaнската Агенција за храна и лекови, која треба да се состане утре.

Ако биде одобрена, вакцината на Modernа, чија ефикасност експертите од агенцијата ја проценуваат на 94,1%, ќе и се придружи на вакцината на Pfizer/BioNTech во кампањата за вакцинирање на Американците, која ќе биде наjголемата во историјата на САД.

- Advertisement -

Американските власти предвидуваат да вакцинираат околу 20 милиони Американци до крајот на декември и 100 милиони до крајот на март идната година. САД вкупно набавија 200 милиони дози од вакцината на Modernа, од кои половина треба да бидат распределени дури во втората половина од 2021 година. Тие, исто така, купија 100 милиони дози вакцини на Pfizer/BioNTech.

Најпрвин ќе бидат вакцинирани луѓето кои се најизложени на корона вирусот и корисниците на домови за стари лица. Процесот на одобрување на вакцината на Modernа почнува една недела после одобрувањето на вакцината на Pfizer/BioNtech, која доби зелено светло за употреба минатиот петок.

- Advertisement -

Повеќе од 300.000 луѓе во САД умреа од КОВИД-19, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс. САД и понатаму имаат рекордни бројки на заразени и повеќе од 200.000 нови случаи дневно, како и 2500-3000 починати дневно.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -