ЕУ вишокот вакцини може ќе го даде на Балканот, но не се знае кога

- Advertisement -

На ниво на Европската унија се разгледува можноста вишокот вакцини наменети за земјите членки да се дистрибуира до земјите на Балканот, но не се знае кога би можело да се реализира тоа.

На редовната конференција за новинари во седиштето на Европската комисија албанскиот новинар Ернет Бунгури потсети на изјавата на претседателската на ЕУ, Урсула фон дер Лејен, која повеќеапти рече дека бидејќи Комисијата добро се организирала во однос на вакцините, можено е да има вишок вакцини, кој членките би го проследиле до земјите на Балканот.

- Advertisement -

Меѓутоа, властите на Балканот стравуваат дека доставата на вишокот вакцини нема да биде пред летото 2021 година и токму поради тоа лидерите се обидуваат на други начини да дојдат до вакцините, додаде албанскиот новинар.

Според портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, постојат јасни намери земјите членки да се охрабрат на таков потег, но не може да прецизира за датумот кога ќе се спроведе тоа.

- Advertisement -

„Зборуваме за вишок вакцини, тоа се истите вакцини за кои се зборува како и за сите граѓани на ЕУ. Кога зборуваме за датумот на евентуална испорака, не можам да потврдам ништо во овој момент“ додаде Мамер.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -