Новиот Seat Leon ја освои наградата Autobest 2021, односно европското признание за најдобар европски автомобил за 2021 година. Жирито на Autobest се состои од 31 од најдобрите новинари во автомобилската индустрија во цела Европа. Ова е втор пат во 70-годишната историја на компанијата Seat да ја освои наградата. Првиот пат во 2017 година Seat Ateka ја доби истата награда.
„Горди сме што нашиот нов Seat Leon е избран за Autobest 2021, најдоброто можно признание за тимот кој учествуваше во лансирањето на најдобриот Leon досега. Дзијаниран, развиен и произведен во Барселона, оваа награда ни дава сила самоуверено да гледаме напред. Seat Leon генерација за генерација докажува дека е битен на автомобилската сцена, а наградата Autobest ја зголемува важноста која ја има Leon на пазарот” велат од Seat.
Овој автомобил досега е продаден во 2,3 милиони примероци.
(SEEBiz.eu)
(фото: YouTube screenshot)