Колку и да ја истражуваат луѓето Земјата и вселената, има уште многу неоткриени работи кои влијаат врз тоа како жиеват луѓето на планетата. Истражување спроведено во 2017 година, а објавено неодамна, откри деа околу Зејата има бариера која настанала како резултат на човечки активности, а влијае не само на 7ивотот на земјата, туку и пошироко.
Имено, Земјата е опркужена со радијациски појаси кои се протегаат од 640 до 58.000 км од површината на Земјата. НАСА уште во 2012 година испрати две вселенски сонди кои требаше да ја истражуваат околината на Земјата, но открија нешто необично – набиени честички кои се фатени во магнетното поле на Земјата и создаваат дополнителна, нискофреквентна бариера, која Земјата ја штити од соларните бури кои редовно се појавуваат.
Бариерата настанала како резултат на емисијата на нискофреквентни радиобранови кои ги користиме за комуникација, а се појавија во последните децении. Научниците особено ги изненади фактот дека тие бранови можат да влијаат на тоа како се движат одредени честички во воздухот.
Експериментите покажале дека во соодветни услови радиокомуникациските сигнали во ниска фреквенција влијаат на високоенергетската радијациска околина околу Земјата. Научниците открила дека бариерата активно ја штити Земјата последните неколку децении и што е можеби побитно, бариерата се шири подалеку од Земјината површина.
(Science Alert)
(фото: Pikrepo)