Главниот американски епидемиолог открива кога конечно ќе можеме да се ослободиме од заштитните маски

- Advertisement -

Носењето маски не е како да ги вклучувате или исклучувате светлата. Тоа нема да се случи преку ноќ. Ќе одиме постепено, откри Ентони Фаучи.

Заштитните маски се неизоставен дел при секое излегување од домот во последните неколку месеци. Без разлика дали се медицински или платнени, не е можно да се влезе во јавен превоз, продавница или банка без маска.

- Advertisement -

И покрај тоа што маските можат да ви бидат корисни во текот на зимските месеци затоа што го загреваат лицето, јасно е дека сите веќе се уморни од постојаното размислување дали имаат маска и кога треба да ја заменат.

Пристигнувањето на вакцината донесе малку надеж дека маските може да се отстранат во догледно време, но никој не се осмели да предвиди кога тоа може да се случи. Никој освен главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи. Тој за време на видео конференција во Центарот за стратешки и меѓународни студии, откри дека можеме да заборавиме на заштитните маски веќе следната година.

- Advertisement -

Не мислам дека ќе можеме да се ослободиме од маската и да заборавиме на социјалното растојание уште некое време, веројатно некаде на крајот на есента или раната зима следната година, рече Фаучи.

Но, тој предупреди дека нема да има одреден датум по кој маските повеќе нема да бидат потребни.

- Advertisement -

Носењето маски не е како да ги вклучувате или исклучувате светлата. Нема да се случи преку ноќ. Ќе одиме постепено и мислам дека ќе биде клучно за тоа кога ќе видиме дека драматично опаѓа нивото на инфекција во земјата, рече Фаучи, додавајќи дека тоа ќе биде знак дека животот полека ќе може да започне да се враќа во нормала.

Иако, благодарение на вакцините, полека се ближи крајот на пандемијата, Фаучи истакнува дека тој сепак е претпазлив и загрижен за иднината. Имено, тој гледа некои исти ситуации што го мачеа светот за време на пандемијата на шпанскиот грип, пред скоро сто години.

Речиси е загрижувачки што можеме да ги разгледаме податоците од 1918 година и да направиме паралела со ситуациите што ги гледаме денес, како што се игнорирање на проблемите во одделни градови и држави. Жалби за носење маска, протести за затворања, истакна Фаучи, додавајќи дека се надева на тоа дека човештвото ќе биде „попаметно“ по оваа пандемија.

(Denar.mk)

(фофо:Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -