Милијардерот Џеф Безос најави дека неговата компанија Blue Origin ќе ја одведе првата жена на Месечината.
„Ова [BE-7] е моторот кој ќе ја одведе првата жена на Месечината“, објави Безос на Instagram, покрај видеото од проверката на моторот во центарот на Американската вселенска агенција – НАСА за испитување во Алабама, пренесува Reuters.
Моторот BE-7, кој Blue Origin го развива со години, има вкупно 1.245 секудни работа, а ќе се користи за слетување на Месечината на Националниот систем за слетување со човечки екипаж.
Досега дванаесет мажи прошетаа по Месечината, но ниедна жена. НАСА тоа сака да го смени, па администраторот Џим Брајденстајн минатата година изјави дека до 2024 година ќе ја испрати првата жена на Месечината.
Blue Origin го предводи националниот тим кој е составен во 2019 година, а неговата основна задача е изработка на Blue Moon леталото за слетување на Месечината. Дел од овој тим се и Lockheed Martin Corp, Northrop Grumman Corp и Draper.
Blue Origin со години го развива моторот BE-7 и конкурира со компаниите како SpaceX на Илон Маск и Dynetics за договорот за изградба на следниот систем на НАСА за слетување на Месечината. Во април годинава НАСА склучи договор со овие компании вреден 579 милиони долари, но исто така, склучи договор со уште две компании – SpaceX со 135 милиони долари и Dynetics со 253 милиони долари.
(AlJazeera)
(фото: Wikimedia)