0 C
Skopje
петок, јануари 15, 2021

Македонија ќе привлекува дигитални номади со атрактивни услови

Kabtel desktop

Една од главните стратешки цели на новоформираниот Стартап Совет на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе биде креирање на долгорочна стратегија за привлекување на дигитални номади во Северна Македонија.

Како што најави директорот на ФИТР, Коста Петров, во наредните три месеци интензивно ќе се работи на создавање европски услови и стандарди.

“Создаваме услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади. Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачи од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од овде. Овие луѓе ќе донесат позитивен ефект за локална економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со македонските стартапи“, посочи Петров.

Во ерата на дигиталната економија која овозможува поголема слобода во начинот на работење, работните часови и локација, сè повеќе развиени земји го стимулираат дигиталното номадство. Ковид кризата придонесе и за поголема стапка на вработени од далечина (remote workers).

Во моментов некои од најатрактивните локации за дигитални номади се Естонија, Тајланд, Кипар, Норвешка, Португалија, Британија. Естонскиот парламент во јуни годинава усвои измени и надополнувања на тековните закони за создавање дигитална номадска виза што ќе им овозможи на луѓето да доаѓаат во Естонија како туристи и истовремено да продолжат да работат за странски работодавец или како хонорарци независно од локацијата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •