Младите од Глобал Шејперс Скопје Хаб ја продолжуваат иницијативата и ја обликуваат Македонија во наредните 50 години

- Advertisement -

Нека ни е среќен „20 Декември“ – меѓународниот ден на човековата солидарност, денот кога младите од Глобал Шејперс Скопје Хаб ја продолжуваат иницијативата за заедничкото патување кон 2070-та година, овој пат да го обликуваат Македонија во наредните 50 години во земја која припаѓа на секој од нас.

Во оваа 2020-та година, токму во време на ненадејни пресврти на личен и поширок општествен план, младите обликувачи на промени од Глобал Шејперс Скопје Хаб одлучија да размислуваат и делуваат проактивно, визионерски, стратешки и сеопфатно така што го создадоа водичот „ВИЗИИ – МАКЕДОНИЈА 2070“.  Овој водич произлезе како логично надградување на претходно објавениот водич „ВИЗИИ – СКОПЈЕ 2070“ објавен по повод „13 Ноември“ – денот на град Скопје.

- Advertisement -

За разлика од првиот, овој водич претставува насока и рамка за развој на нашата земја низ призмата на 16 различни категории кои што меѓусебно се надополнуваат и испреплетуваат, одејќи во правецот содржан во 176-те визии и мерлив низ општи индикатори соодветни за секоја од тие визии. Станува збор за документ кој дава правец и основа за дејствување на сите чинители во нашето општество. Секоја од визиите се заснова на одредени вредности кои што се основа за сите активности кои ќе се преземаат од кој и да е чинител во општеството, без разлика дали е тоа индивидуалец или правен субјект од јавниот, приватниот или граѓанскиот сектор. За да се поттикнува, следи и мери напредокот на сите тие идни активности и нивниот придонес во однос на визиите, содадовме општи индикатори соодветни за секоја категорија посебно.

Водичот „ВИЗИИ – МАКЕДОНИЈА 2070“ цели да нè инспирира да размислуваме и делуваме амбициозно и храбро кон подобра иднина, да бидеме одговорни и со нашата моќ и влијание да изградиме подобро општество. Овие два водичи цела да нè обединат како општество на ниво на земја и на нови на главен град, заеднички и секојдневно да работиме кон остварување на подобар животен стандард за нас и за идните генерации.

Сподели!
- Advertisement -