Oбјавени новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг.

 „Поради растот на цени на нафтените деривати на светските берзи изминатата недела донесовме одлука за зголемување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 0,34%. Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 1,00 денар за литар за  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на  Екстра лесното масло согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите* за време на вонредна состојба поради што во крајната цена кај овие нафтени деривати има намалување“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

- Advertisement -

Од 22.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС – 95                           60,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС -98                            62,50  (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       53,00 (денари/литар)

- Advertisement -

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)              53,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      28,837    (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 3,916%, дизелот за 2,841%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 3,412 % и кај мазутот од 3,348%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,369%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.12.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 14.12.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,860 0,982
Австрија                         1,041 1,072
Бугарија 0,928 0,933
Хрватска 1,175 1,208
Германија 1,097 1,257
Грција 1,153 1,427
Италија 1,288 1,413
Унгарија 1,092 1,038
Словенија 1,059 0,998
Сподели!
- Advertisement -