Лабораториите BioNTech и Pfizer соопштија дека се спремни да ги достават своите вакцини против КОВИД-19 до земјите на ЕУ откако вчера ги одобри Европската агенција за лекови.
Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на Pfizer/BioNTech и таа е првата која ќе може да се пласира на европскиот пазар поради сузбивање на пандемијата против КОВИД-19. Европската комисија сега треба официјално да го потврди тоа одобрение за да може да почне вакцинирањето на населението.
Првата вакцина ќе биде ставена во недела, објави претходно Комисијата. ЕУ нарача речиси 200 милиони дози од вакцината на BioNTech/Pfizer, со можност за набавка на уште 100 милиони дози.
Вакцината е докажано ефикасна во 95% од случаите, покажаа клиничките истражувања кои ги спроведоа компаниите. Неколку земји, меѓу кои САД, Велика Британија и Канада, веќе ја одобрија вакцината и почнаа со вакцинирање.
(Zimo)
(фото: Freepik)