Корона вирусот го зафати и последното делче од Земјата кое го немаше корона вирусот – Антарктикот. Чилеанската војска објави дека во истражувачката станица Bernardo O’Higgins се утврдени 36 случаи на заразени со корона вирусот.
Сите 36 заразени, од кои 26 се војници и 10 се работници на одр7ување ан станицата, се префрлени на лекување во Чиле. Се претпоставува дека до заразата дошло при испорака на продукти и замена на персоналот, откако е утврдено дека на воениот брод кој ги донел продуктите имало заразени со корона вирус.
Инаку, чилеанската војска објави дека сите морнари кои трганле на пат за Антарктикот имале негативен PCR тест на корона вирусот, а позитивните морнати се утврдени откако бродот се вратил назад во Чиле.
(Zimo)
(фото: Piqsels)