Неколку милиони корисници на WhatsApp ќе останат без апликацијата до крајот на овој месец. Луѓето кои користат малку постари мобилни телефони би можеле да останат без популарната апликација поради оперативните системи што ги имаат нивните мобилни телефони.
„The Sun“ наведува дека WhatsApp ќе престане да работи за луѓе кои користат iPhone, кај кои што не е ажуриран на софтвер iOS 9 или понов. Исто така, ќе бидат засегнати и корисниците на Android кои немаат оперативен систем 4.0.3 или понова верзија.
Ако имате iPhone 4 или постар модел, нема да можете да ги ажурирате на понов софтвер. Некои уреди со Android, како Motorola Droid Razr и Samsung Galaxy S2, исто така, сè уште работат на застарен софтвер.
Ако имате стар телефон, можеби ќе сакате да се обидете да го надградите до најновиот можен софтвер. Корисниците на Apple мора да ги отворат „Поставките“, потоа „Општо“ и „За телефонот“ за да видат која верзија на софтверот ја користат. На Android треба да отидете во „Поставки“, а потоа „За телефонот“.
WhatsApp ќе ги извести корисниците на кои им е потребна надградба на верзијата.
(Denar.mk)
(фото: Pixy.org)