Шестгодишнo дете бил најмладиот македонски милионер во 2019 година

- Advertisement -

Шестгодишник кој остварил доход од закупнина од над 1.000.000 денари бил најмладиот милионер во земјава во 2019 година, додека највозрасното лице кое остварило приход од над еден милион денари било лице на возраст од 101 година, соопшти денеска на прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. Во групата пак, над 10.000.000 денари, највозрасниот има 86 години, додаде Лукаревска.

Најбогатиот пензионер чија бруто пензија изнесува 8.064.865 денари е од Штип, а осигуреникот по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума, остварил доход од 7.835.927 денари. Највисок годишен бруто-доход во земјава имал битолчанец кој пријавил доход од 211.360.619 денари, додека второрангирана на оваа листа е скопјанка која остварила доход од 172.166.358 денари.

- Advertisement -

„За 35.363 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани (638.210 лица) оствариле бруто-доход кои се движи во прагот од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2018 година имаме намалувања во врвните прагови, кога имавме дури 31 граѓанин кои оствариле над 100 милиони денари и двојно повеќе во прагот од 10 до 100 милиони денари. Скопјани доминираат во листата на граѓани со највисок доход…

Во споредба со 2018 година, кога највисокиот остварен доход беше 1.056.992.055 денари, има значајно намалување, така што прворангираниот во 2019 година, кога би се нашол на таа листа, би бил 9-то рангиран“, изјави Лукаревска.

- Advertisement -

Највисока годишна бруто-плата, односно, 114.854.796 денари минатата година е исплатена на стружанец кој работи во индустријата со метали. На листата на највисоко рангирани бруто плати пак се најдоа и исплатените плати во секторите здравство, аптеки, образование, комбинирани канцелариски и административни услужни дејности и производство на горна облека.

Жителка на Скопје пак, минатата година од игри на среќа остварила добивка од 29.293.930 денари.

- Advertisement -

Граѓаните за изминатата 2019 година пријавиле вкупно 231.141.533.742 денари бруто-доход и вкупен износ на данок на личен доход од 14.069.767.034 денари.

Сподели!
- Advertisement -