СЗО: Новата мутација на коронавирусот откриена во oсум европски држави

- Advertisement -

Новата варијација на коронавирусот веќе е откриена во осум европски држави, информираше регионалниот директор за Европа на Светската здравствена организација, Ханс Клуге.

Според него, новата мутација на вирусот, за разлика од претходната, се шири и помеѓу младата популација. Клуге повика на претпазливост додека се прават истражувања за новиот вид, како и засилување на досегашните заштитни мерки како што се физичката дистанца и носењето маски. Новата мутација беше откриена во Велика Британија на 14 ноември, а после тоа е евидентиран и во Австралија, Исланд, Италија, Холандија и Данска. Вчера беше потврден и првиот случај на зараза со новиот сој на вирусот во Франција.

- Advertisement -

Дел од медиумите објавија дека во меѓу време, се откриени уште две нови варијанти на ковид, едниот во Јужна Африка, а другиот во Нигерија.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -