Куќа на тркала инспирирана од пандемијата ви овозможува да живеете каде сакате

- Advertisement -

Пилот проект Dwelling on Wheels, инспириран од пандемијата, е најновиот дом на тркала кој го дизајнираше американската компанија Modern Shed. Домот има површина од околу 20 квадратни метри, соларна енергија и не мора да се вклучува на електрична мрежа. Куќата има почетна цена од 129.000 долари.

Dwelling on Wheels (DW) е првата преносна куќа на Modern Shed, компанија која цели две децении гради апартмани по желба. Куќата има прозорци од под до таван со максимален поглед надвор и пејзажи. Одлична е за краткотраен престој во природа или како втор дом на тркала. Со мало прилагодување може да се претвори и во канцеларија.

- Advertisement -

Внатрешноста е направена од дрво и има одржлив под од линолеум. Во неа може удобно да престојуваат до три лица кои сакаат минималистички начин на живот. Соларните панели инсталирани на кровот, печакта на дрва, резервоарите со вода и тоалетот кој компостира овозможуваат куќата да функционира самостојно, надвор од електрична и канализациска мрежа.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Modern Shed screenshot)

Сподели!
- Advertisement -