Антарктикот од август досега го погодиле над 30.000 земјотреси

- Advertisement -

Повеќе од 30.000 земјотреси го погодиле Антарктикот од крајоот на август досега, покажуваат податоците на Универзитетот Чиле, што претставува скок на сеизмичките активности кој ги заинтригира научниците кои го проучуваат тој оддалечен леден континент.

Научници од чилеанскиот универзитетско Национален сеизмолошки центар велат дека биле мали потресите. Имало еден поголем регистриран во теснецит Бренсфилд, односно стотина километри по тој пат кој поминува помеѓу отровот Јужен Сетланд и Антарктичкиот Полуостров.

- Advertisement -

Неколку тектонски плочи и микроплочи се допираат во тенсецот, што резултира со чести потреси, но изминатите три месеци биле невообичаени, објави центарот.

„Најголем дел од сеизмичките активности се концентрирани на почетокот на заледувањето, главно во текот на септември, со повеќе од илјада потреси дневно“ објави центарот.

- Advertisement -

Потресите станале толку чести што самиот теснец, кој некогаш се ширел со темпо од 7-8 милиметри годишно, сега се шири по 15 см годишно.

„Станува збор за 20 пати побрзо ширење. Тоа сугерира дека токму овој момент Јужните Шетландски Острови се одвојуваат побрзо од Антарктичкиот Полуостров“ вели директорот на центарот, Серхио Бариентос.

- Advertisement -

Полуостровот е едно од местата на Земјата кои најбрзо се загреваат и научниците внимателно го следат влијанието на климатските промени на неговите глечери и сантите лед. Но, климатскиот научник Раул Кордеро од Универзитетот Сантјаго вели дека не е јасно како влијата потресите на ледот во тој регион.

„Нема докази дека овој вид на сеизмички активности има значително влијание на стабилноста на поларната ледена покривка“ додава Кордеро.

(N1)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -