Една од најпознатите туристички дестинации во светот, Колосеумот во Рим, ќе добие нов под кој на посетителите ќе им овозможи да почувствуваат како е да си гладијатор и да стоиш на средината на арената речиси 2.000 години пр.н.е.
Италијанските власти моментално прифаќаат предлози за дизајнот на новиот под, кои мора да бидат поднесени до 1 февруари годинава. Властите исто така побараа подот да се отвора и да се затвора за да може да се собере кога нема да е убаво времето надвор.
Колосеумот е без под речиси 1 милијарда години, а во него се одржувале брутални борби меѓу гладијаторите. Сето тоа пропаднало после пропаѓањето на Римската Империја во 5 век од нашата ера.
Рим сака да го направи новиот под за искуството во арената да биде слично на она што навистина се случувало во амфитеатарот кога злобни ѕверови и сурови воини застанувале пред публика од 3.5000 Римјани. Иако делови биле уништени или одземени, голем дел од оригиналната надворешна структура се уште стои во срцето на италијанската престолнина.
Посетителите на ова место заштитено од World Heritage Site денес може да ги видат остатоците од дрвениот под. Но, заменувањето на подот ќе биде макотрпна работа затоа што претходната структура е стара 2.000 години и не може да се користи како основа за која било нова структура. Се очекува дека работата на новиот под ќе почне идната година и ќе биде коммплетирана до 2022 или 2023 година.
(Daily Mail)
(фото: Pxhere)