Ова се најлошите климатски катастрофи во 2020 година

- Advertisement -

Хуманитарната организација Christian Aid вели дека топ 10 најлоши климатски катастрофи во текот на оваа година го чинеле човештвото дури 140 милијарди долари. Шумските пожари во Асвтралија предизвикаа штета од 5 милијарди долари, убија речиси 3 милијарди диви животни и раселија 65.000 луѓе.

На Западниот брег на САД шумските пожари предизвикаа штета од 20 милијарди долари. Во Кина поплавите на реката Јангце предизвикаа штета од 35 милијарди долари.

- Advertisement -

Сепак, екстремните временски услови поврани со климатските промени имаат непропорционален ефект врз посиромашните земји. Шест од десет најскапи катастрофи се случија во Азија, која беше погодена од досега најголемите бури. Тие предизвикаа и човечки жртви и финансиска штета во земји кои не сносат вина за глобалното затоплување, како што се Бангладеш, Шри Ланка и Бутан. А во Источна Африка масивната инвазија на скакулци оштети посеви вредни 8,5 милијарди долари.

Во извештајот се идентификуваат 15-те најдеструктивни климатски катасрофи годинава, деветте најскапи временски непогоди во 2020 година поврзани со климатските промени кои предизвикале штета од најмалку 5 милијарди долари.

- Advertisement -

(Business Green)

(фото: Positive Money)

Сподели!
- Advertisement -