House of Creed – омилените парфеми на кралицата Викторија, Мишел Обама и Анџелина Џоли пристигнаа и кај нас

- Advertisement -

Најстариот и веројатно најтаинствениот парфемски бренд во светот, е основан во Лондон пред 250 години, поточно 1760 година.

Основач е James Henry Creed, и се пренесува веќе 7 генерации. Познат по својата техника за обработување на материјали, преферира природни материјали отколку синтетички.

- Advertisement -

Со својата долга историја, славните клиенти, како што се членови на кралски и претседателски семејства, од кралицата Викторија, до Винстон Черчил, до денешните славни личности како Роби Вилијамс, Роџер Мур, Шон Конери, кои го користат Green Irish Tweed, потоа Софиа Вергара- Jardin D’amalfi, Џон Колинс – Jasmin Imperatrice Eugenie, Анџелина Џоли и Мишел Обама, обожавателки на Love in White, Рики Мартин- Creed Silver Mountain Water и многу други, House of Creed е се што денешната парфемска индустрија не е.

Причина за довербата, вниманието и заинтересираноста, која Creed ја има, е тоа што ги игнорира сите модерни индустрии на парфеми. Не се рекламира, не ангажира славни личности за промоции.

- Advertisement -

Creed парфемите, машки, женски, unisex, спакувани се во елегантни шишиња кои претставуваат модерна верзија на историското наследство.

Green Irish Tweed од 1985 година е еден од најпознатите парфеми. Мошне успешен е и овошниот Aventus, кој е инспириран од животот на Наполеон Бонапарта. Creed олицетворува уметност во правење на парфеми, апсолутен луксуз и безвременост.

- Advertisement -

 Creed Aventus–  овошен мирис за мажи, лансиран во 2010 година. Инспириран од животот на Наполен Бонапарта, рефлексира идеи од неговиот живот, енергија, упорност, војна , мир и љубов.

Горни ноти: Овошна свежина, црна рибизла, јаболко, ананас и бергамот.

Средни ноти: слатка арома на ружа, бреза, марокански јасмин и пачули.

Базни  ноти: Дабов мов, мошус од ванила и килибар.

Love in White е тоалетна вода со свеж и женствен мирис, млечни и цветни тонови, креиран од Olivier Creed, парфемски дизајнер од шестата генерација на Creed и Erwin Creed кој е претставник на седмата генерација на Creed.

Парфемот е инспириран од патувањата на господин Olivier Creed, направен од состојките кои ги собирал на пет континенти во текот на неговото патување.

Свежина и карактер на моќна дама, какви што се Мишел Обама и Анџелина Џоли.

Ароматичната композиција Love in White, се отвара со акорди на портокали од шпанскиот југ, средните ноти се составени од ориз, египетски ирис, јасмин од италијанска морска обала, нарцис од францусла ривиера, магнолија од планината Гватемала и Бугарска ружа.

Основата ја сочинуваат ванила, Калабриски килибар и индиско сандалово дрво. Love in White ја одразува љубовта кон патувањата, чувство на слобода и хармонија.

House of Creed парфемите може да се најдат ексклузивно во Anabella парфимерија во центарот на Скопје, до Мериот.

Сподели!
- Advertisement -