Презентирани можностите на Оперативниот план вработување за 2019 година „Шанса за сите“

- Advertisement -

Годинава се одвоени 1,1 милјарда денари за мерките од Оперативниот план за вработување за 2019 година „Шанса за сите“. Ова е највисок износ досега и е за речиси три пати поголем од 2014 година, кога за истата намена биле исплатени 406 милилони денари

На денешната презентација на Оперативниот план премиерот Зоран Заев апелираше сите невработени,  особено младите да ги искористат можностите што ги нуди овој план,  да ги реализираат своите потенцијали, а оние на кои им недостига соодветно обрзование да можат да се доквалификуваат и прекфалификуваат и полесно да најдат работа.

Со Оперативниот план за 2019 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, како и на корисниците на гарантирана минимална помош. Оваа година Оперативниот план ги опфаќа и физичките лица, нуди силна поддршка за самовработување, за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост. Со ОП 2019, меѓу другото, се овозможуваат обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, како и обуки за дигитални вештини. Исто така, се продолжуваат програмите „Практиканство“,„Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“.

- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска појасни дека преку планираните мерки се очекува да бидат опфатени околу 8.000 граѓани, од кои, како што рече, најголемиот број можат да бидат вработени.

Зголемувањето на сумата за годинава, било резултат на фактот што ланскиот план имал реализација од високи 95 проценти. Со него првпат беше воведена и „Гаранцијата за млади“, која продолжува и годинава. Лани преку оперативниот план биле вработени 7.370 лица, од кои, како што рече Анѓушев над 6.000 биле во приватниот сектор.

- Advertisement -

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со УНДП.

Сподели!
- Advertisement -