Кина ја одобри домашната вакцина против корона вирусот – ефикасноста и е 79%

- Advertisement -

Кина условно ја одобри за општа употреба својата прва вакцина против КОВИД-19, која ја разви кинеската компанија Sinopharm, изјавија од Националната управа за медицински производи. Кина може да дава условни одобренија за вакцини кои уште не ги завршиле клиничките исптиувања ако се смета дека се итно потребни поради вондредната ситуација во јавното здравство и ако бенефитите од вакцината ги надминуваат ризиците.

Иако не се објавени детални податоци за ефикасноста на вакцината, пекиншкиот Институт за биолошки производи објави дека вакцината има ефикасност од 79,34%, пренесува Reuters.

- Advertisement -

Кина беше побавна во одобрувањето на вакцина отколку другите земји, но веќе неколку месеци вакцинира луѓе со три различни вакцини кои се во завршна фаза од испитувањата.

Намерата е да се вакцинираат најмалку 50 милиони луѓе пред почетокот на Лунарната Нова година за да спречи ширење на вирусот во време која стотина милиони луѓе ќе патуваат дома за пазниците.

- Advertisement -

Вакцината на Sinopharm се дава во две дози. Освен Sinopharm, уште три кинески компании Anhui Zhifei Longcom, CanSino и Sinovac имаат вакцини во завршна фаза од клиничките испитувања. Од Sinopharm велат дека деталите за вакцината ќе бидат објавени подоцна.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -