Македонците јадат 255 килограми леб годишно

- Advertisement -

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека, годишно, едно домаќинство во земјава просечно троши 255,1 кг леб.

Лебот по традиција најзастапен на македонската трпеза, но не изостануваат и компирите, пилешкото месо, сирењето, млекото, а од рибата најчеста на трпезата била ослиќот. Македонските граѓани најчесто пијат газирани сокови и пиво.

- Advertisement -

Едно домаќинство од месата најмногу го консумирало пилешкото – 35,9 кг пиле и 14,3 кг пилешки стек. Јунешкото месо просечно се трошело по 16,1 килограм, телешко 11,8 килограми, свинското 29 килограми.

Од рибите најмногу се консумирал ослиќ – 21,3 килограми, а од свежите риби најзастапени биле свежата пастрмка со 1,6 килограми, свежиот крап 0,4 килограми и црвеноперката 0,2 килорами. Морска храна едно домаќинство во просек потрошило 0,1 килограм, а туна се консумирало 1,3 килограми во просек годишно.

- Advertisement -

На годишно ниво, од млечните производи најчесто било консумирано млекото – 141 литар, јогурт 44,2 литри, кисело млеко 17,6, сирење 26,7 килограми, урда 11,4 и кашкавал 10,4 килограми. Едно домаќинство во земјава јаде годишно 724 јајца, троши 57,1 литар масло за јадење, 6,3 килограми маргарин, 1,2 килограми путер, 17,3 килограми сол.

Годишно, домаќинствата трошат по 23,7 килограми, ориз 29,1 килограм, леќа 4,4 килограми, боранија 2,9 килограм, компир 107,8 килограми, пиперки 77,2 килограми домати 56,1 килограм, зелка 37,6 килограми, краставици 30,7 килограми.

- Advertisement -

Макароните, исто така, биле често на трпезата на домаќинствата, па податоците покажуваат дека годишно едно домаќинство консумира 20,9 килограми макарони. Едно домаќинство троши 1,2 килограми ајвар годишно.

Од слатките производи едно домаќинство јадело 3,9 кг млечно, потоа локум 1 килограм, бонбони 1,8 килограми, наполитанките 7,6 килограми, јафа бисквит 2,2 килограми. Мед се јадело 2,6 килограми, а сладолед 3,1 килограм. Кафе, годишно се пие по 9,3 килограми, додека чај 1,9 литри.

Од пијалаци македонските граѓани преферирале газирани сокови. Годишно во просек едно домаќинство консумира 90,2 литри газирани сокови, кашести овошни сокови 22,9 литри, овошни природни сокови 3,8 литри.

Ракија се консумирале 2,1 литар по домаќинство, вино 5,6 литри, а најмногу се пиело пиво 43,4 литри. Минерална вода се пие во домаќинство 92,7 литри.

Сподели!
- Advertisement -