Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21% во однос на Одлуката од 28.12.2020 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 28.12.2020 година.

- Advertisement -

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денар/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг во однос на одлуката од 28.12.2020 година.

Од 5.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 61,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 ЕЛ-1 – 52,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 28,763 (денари/кг)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 2,036%, дизелот за 0,581%, екстра лесното масло 0,566 % и мазутот 0,760%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,354%. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 04.01.2021), се дадени во следната табела:

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -