Научниците открија кој додаток во исхраната може да ве одбрани од корона вирусот

- Advertisement -

Додека не се вакцинира доволен број луѓе со вакцините против корона вирусот и додека не се создаде колективен имунитет постојат низа продукти кои можеме да ги јадеме кои ќе го зајакнат организмот и ќе го намалат ризикот од онфекција. Секој ден дознаваме се повеќе за продуктите кои може да му помогнат на нашиот имунитет, а посебно во последно време се истражуваат бета-глуканите , за кои е потврдено дека може да бидат исклучително корисни за нашето тело во борбата против КОВИД-19.

Бета-глуканите се структурни компонентји кои се наоѓаат во многу продукти како што се зобената каша, јачменот, квасецот, печурките и алгите. Во неодамнешна сеопфатна студија на состојките во храната кои можат да помогнат во борбата со корона вирусот истражувачите испитувале прелиминарни докази кои ја поддршуваат потенцијалната примена на бета-глуканите во борбата против заразата со корона вирусот. Студијата која ја предводела д-р Ема Марфи од ирскиот Институт за технологија Атлон дала многу добри резултати.

- Advertisement -

Бета-глуканите можат да го подготват нашиот имунолошки систем да биде подготвен за нападот на бактерии и вируси. Тие можат и да го опуштат имунолошкиот одговор на организмот на воспаленијата, што е многу битно затоа што засиленото воспаление може да биде поголем проблем од инфекцијата“, објаснува д-р Марфи.

Имено, истражувањето покажало дека бета-глуканите го намалуваат воспалителниот одговор поврзан со акутниот респираторен дистрес синдром, односно оштетувањето нa белите дробови кое е забележано кај тешките случаи на КОВИД-19.

- Advertisement -

Иако уште не е познат точниот начин на кој бета глуканите се ефективни во намалувањето на воспалението, д-р Марфи објаснува дека се евидентни нивните ефекти на зајакнувањето нa имунолошкиот одговор, независно од тоа дали ги внесуваме бета-глуканите преку исхраната или како додаток на исхраната. Сепак, потребно е да се консултирате со доктор пред да земате бета-глукани како додаток во исхраната, особено ако имате некоја автоимуна болест и веќе земате имуносупресиви.

(Poslovni.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -