Ќе се случи најголемата зделка во светот на луксузот – Louis Vuitton ја купува Tiffany!

- Advertisement -

Акционерите на американскиот производител на накит Tiffany ја потврдија продажбата на компанијата на францускиот конгломерат LVMH, која беше договорена уште пред една година. Тоа следува после повеќемесечен застој, најави за тужби и борби на суд, па дури и политички интервенции.

На виртуелно собрание на легендарната американска компанија за накит Tiffany повеќе од 995 акционери ја поддржаа најавената продажба на францускиот конгломерат LVMH пред една година. Преземањето стана комплицирано пролетоска, кога изби пандемијата на корона вирусот, поради што потрошувачката на луксузната стока, вклучувајќи го и накитот, драстично падна. Затоа LVMH предложи да продолжат преговорите за цената на секоја акција, тврдејќи дека продажбата на Tiffany паднала толку што повеќе не можеле да платат толку колку што планирале пред пандемијата.

- Advertisement -

Од Tiffany на тоа реагираа со негодување, а од LVMH и од нејзиниот претседател, Бернар Арно, инаку најбогатиот Французин, се побара почитување на оригиналниот договор, затоа што во спротивно ќе следува борба на суд.

После повеќемесечен застој, при што секоја страна инсистираше на своето, а политиката неформално се вклучи во преговорите, и двете компании малку попуштија – LVMH понуди помалку пари по акција отколку првобитно, но не толку помалку колку што прогнозираа пролетоска.

- Advertisement -

Имено, сега наместо 135 долари по акција, колку што беше најавената цена лани, за тоа ќе платат 131,5 долари. Тоа значи дека за целата компанија ќе издвојат 15,8 милијарди долари, што е околу половина милијарда помалку отколку што беше предвидено првобитно.

Се очекува дека продажбата ќе биде комплетирана во првите месеци од годинава.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -