Samsung ќе ја претстави новата генерација телефони на 14 јануари

- Advertisement -

Во текот на изминатата година со работата на далечина и времето кое го поминувавме дома мобилната технологија зазеде централно место во нашето секојдневие и таа транцизија во светот во кој мобилните уреди се на прво место создава и потреба за уреди кои можат секојдневниот живот да го претвори во неверојатно искуство, се вели во соопштението од јужнокорејската компанија. Благодарение на гласините кои кружат со месеци наназад за тие нови телефони знаеме речиси се, а сега знаеме и дека Samsung ќе ги претстави на 14 јануари.

Во текот на таа недела ќе се одржи и саемот за потрошувачка електроника CES, но бидејќи живееме во време на пандемија и на сила се забрани за големи собири, конферецнии и саеми, сите натсани ќе се одржуваат само вируелно. Освен најавата на својата страница, Samsung објави и видео кое не открива многу, па за официјалните детали мора да почекаме уште десет дена.

- Advertisement -

Неофицијално, помалку или повеќе се е добро познато за серијата S21. Компанијата подготвува три телефони – S21, S21 Plus и S21 Ultra со дијагонали на екранот од 6,2, 6,7 и 6,9 инчи. Моделите S21 и S21 Plus освен по дијагоналата на екранот, треба да бидат слични и по пефрормансите, додека Ultra ќе има премиум спецификации, а можеби и поддршка за S-Pen.

Резолуцијата на S21/S21 Plus треба да биде 2400×1080 пиксели со фреквенција на освежување од 120Hz, а и двата модели треба да имаат по три задни камери. Телефоните ќе го имаат процесорот Snapdragon 888, односно Exynos 2100 на Samsung, ќе имаат и 8 GB меморија и ќе се продаваат во верзии со 128 GB и 256 GB простор за складирање податоци. И двата модели ќе имаат и поддршка за 5G. Моделот Ultra треба да има и сличен хардвер како другите два модели, а најголемата разлика ќе биде во камерите. Од задната страна ќе има 4 камери, од кои главната имарезолуција од 108 MP.

- Advertisement -

(Samsung)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -