Кинеската корпорација за вселенска наука и технологија (CASC) соопшти дека во 2021 година планира повеќе од 40 вселенски мисии, а главниот приоритет ќе биде изградбата на првата кинеска вселенска станица.
Како што објави Кинеската медиумска групација (CMG), една од мисиите е Tianwen-1, првата кинеска сонда која ќе патува за Марс. Сондата полета на крајот на јули минатата година од лансирниот центар Венчанг на тропскиот остров Хаинан на југот на Кина, а треба да стигне до орбитата на Марс во текот на февруари годинава.
Целта на мисијата е со помош на телеуправуван робот да се анализира површината на Црвената планета. Како еден од приоритетите за годинава Кинеската корпорација за вселенска наука и технологија ја наведе забрзаната примена на BeiDou навогацискиот сателитски систем во други области како што е цивилниот авиосообраќај.
(Al Jazeera)
(фото: CNSA screenshot)