Во Србија почнува имунизацијата со руската вакцина Sputnik V

- Advertisement -

Во Србија денес почна вакцинацијата со руската вакцина Sputnik V, која први ја примија претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин.

Како што велт властите, се очекува во втората половина од јануари да пристигнат големи количини од вакцината Sputnik V и од вакцината на кинеската компанија Sinopharm.

- Advertisement -

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека може да се очекува благ пораст на бројот на заразени со корона вирусот после Божиќ. Кон истакна дека на прославите и во клубовите, како и на другите места за забава најмногу се пренесува вирусот.

Во тек е вакцинацијата на здравствените работници на 110 пунктови во Србија. Имунизацијата почна од клиничките центри и во клиничко-болничките центри, а од петок ќе почне имунизацијата на здравствените работници во 15 општи болници кои се во КОВИД-19 системот.

- Advertisement -

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека во овој момент приоритет е што побрзо да се вакцинира што поголем број граѓани за да се стекне колективен имунитет и да се излезе од кризата која ја предизвика пандемијата на корона вирусот. Таа истакна дека вакцинацијата ќе биде на доброволна база и бесплатна и ги повика граѓаните да се вакцинираат затоа што тоа е најдобра заштита на здравјето.

(Al Jazeera Balkans)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -