Јапонија, Сингапур и Германија се трите земји кои имаат најдобри пасоши во светот, објави Henley Passport Index. Пандемијата на корона вирусот поради различните блокади го отежна патувањето, а извесно е дека ќе ги отежнува патувањата и во текот на наредните неколку години. Дури и кога ограничувањата ќе бидат укинати, ќе има задолжителна вакцинација за да може да се патува.
Henley Passport Index, сепак, објави листа со земји со најдобри пасоши во светот во 2021 година, во рамките на која не се земени предвид предвремените орграничувања на различни земји. Азиските градови и жители и понатаму имаат најмоќни пасоши во светот.
Жителите на Јапонија можат да отпатуваат во 191 земји во светот без потребна виза, додека жителите на Сингапур можат да одат без виза во 190 земји, а Германците во 188 дестинации.
Македонскиот пасош се наоѓа на 45. место со слободен влез без виза во 124 земји. Од соседите најдобро е рангирана Грција на 8. место со 184 дестинации, а потоа следуваат Србија на 38.место со 134 дестинации, Бугарија на 18. место со 171 дестинација и Албанија на 52. место 114 дестинации.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)