Energy Observer е брод кој морската вода ја претвора во гориво

- Advertisement -

Energy Observer е брод прекриен со соларни панели, кој плови ширум светот благодарение на новата технологија која му овозможува од морската вода да направи водород, кој подоцна го користи како гориво.

Водородот веќе долго време се смета за добра, чиста алтернатива за фосилните горива, особено кога се произведува со електролиза од обновливи извори на енергија. Иако, до неодамна не беше широко распрoстрането решение за намалување на емисијата на стакленички гасови. Додека во индустријата за патнички автомобили водородот можеби ја изгуби битката пред другите алтернативи, но неговата примена е возможна во многу други сектори, од кои посебно се издвојува инудстријата за бродови.

- Advertisement -

Energy Observer користи комбинација од различни најсовремени технологии за да произведе доволно енергија која е доволна за напојување на 9 домови секој ден. Во текот на денот 200 квадратни метри соларни панели кои се поставени на бродот ги полнат литиум-јонските батерии. Сета дополнителна енергија се претвора во водород и се складира благодарение на посебна ќелија Rex H2. Ќелијата користи водород кој настанува со електролиза на морската вода, додека енергијата за процесот на електролиза е обезбедена од соларните панели.

Energy Observer своето патување по светските мориња го започна во 2017 година, а тогаш можеше да произведе водород само додека не се движи. Тоа се промени во голема мера со додавање на едра од 12 метри, кои ја зголемија неговата ефикасност од 18% на 42% и денес може да произведува водород дури и додека плови.

- Advertisement -

(Klima101)

(фото: Energy-observer.org screenshot)

Сподели!
- Advertisement -