Теодор Мицески е победник на деветтиот и воедно и последен циклус на проектот „Ново Име“, со кој исто толку млади таленти од цела Македонија добија можност да го остварат својот сон.
Во прашање е проект кој во текот на 2020 година во потполност го реализираа компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата NOVOMATIC во Македонија. Нивната мисија беше да ги препознаат младите таленти и да им омозвожат да ги унапредат своите знаења и вештини, со (финансиска) поддршка. Така, заедно со овие млади луѓе, истовремено значително укажаа и на социјалното одговорно делување како во однос на поединците, така и на севкупната заедница.
„Проектот е успешно реализиран од циклус во циклус, освен двомесечната пауза која ја имавме поради пандемијата на корона вирусот. Така во текот на минатата година девет млади таленти добија можност да се претстават на јавноста, да го откријат својот талент и со наклоност на публиката да ја освојат титулата Ново Име, а со самото тоа и нашата поддршка како би ги усовршиле своите вештини. Горди сме што сме дел од остварување на нивниот сон“, истакна Марија Саздовска, координатор на проектот.
Помеѓу нив е и победникот на последниот, декемвриски циклус – младиот вљубеник во фотографијата, Теодор Мицески од Прилеп. Авантурист, енергичен, духовит, перфекционист, искрен, комуникативен… и со сето тоа и Ново Име на фотографирањето!
„Ме воодушевува моќта на фотографијата која успева засекогаш да го сочува моментот и да го оттргне од заборав. Среќен сум поради титулата Ново Име на фотографирањето, затоа што со тоа на некој начин во 2021 година зачекорив како победник“, кажа Теодор.
Пред него со титулата Ново Име и со можност со износ до 2.500 евра да го унапредат својот талент успеаа да се изборат: Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески, Викторија Симеонова и Станче Алексов, Нови Имиња на музиката, Ангела Георгиевска, Ново Име на танцот, Александар Јакимовски, Ново Име на гејмингот, и Мартин Милески, исто така ново име на фотографирањето.
Повеќе детали за проектот „Ново Име“ можете да пронајдете на платформата novoime.mk, како и на официјалната Facebook страница и Instagram профил.