Научници осмислија лепенка за вакцинирање за сите што се плашат од боцкање со игли

- Advertisement -

Акцијата за вакцинирање против КОВИД-9 почна во многу земји во светот, но поради ограничените количини вакцините уште долго време нема да бидат достапни за сите. Сепак, научниците и докторите прават се за да промовираат еден побезбеден начин на борба против најголемата пандемија во последните стотина години.

Свесни дека многумина се плашат од игли, научници од Универзитетот Сонси развија лепенка за вакцинирање со микроигли, која се става на кожата и ја инјектира вакцината во телото на најмалку инвазивен и безболен начин.

- Advertisement -

Освен за инјектирање вакцини лепенката може да има дополнителна функција за следење на ефикасноста на вакцината затоа што со помош на систем за следење на притеинските биомаркери може да го открие имунолошкиот одговор на организмот и така да утврди дали човекот стекнал отпорност на КОВИД-19.

Микроиглите кои се наоѓаат на лепенката имаат врвови дебели неколку микрометри и може да ја пробијат бариерата на кожата и да го достават лекот во телото. На сличен начин фунцкионираат т.н. фластери за лечење на зависниците од пушење кои со помош на микроигли во телото внесуваат никотин.

- Advertisement -

Примарната цел на истражувањето е да се креира прототип на евтин уред за достава на паметна вакцина со систем за следење на ефикасноста, кој клинички ќе се тестира во болницата на Кралскиот колеџ во Лондон. Засега не е познато кога ќе почне да се исипитува лепенката.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -