Samsung ги претстави најновите иновации на саемот за потрошувачка електроника CES 2021

- Advertisement -

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. ги претстави новите производи на виртуелна конференција за медиуми, организирана во рамките на најважниот меѓународен саем за потрошувачка електроника CES 2021, и покажа дека продолжува со иновации создавајќи решенија кои се флексибилни, поврзани и употребуваат вештачка интелигенција за да го направат секојдневниот живот беспрекорен.

„Нашиот свет изгледа поинаку и сме соочени со нова реалност – онаа во која домот доби многу поголемо значење“, рече Sebastian Seung, претседател и раководител на одделот Samsung Research, напредно истражувачки центар на компанијата Samsung Electronics SET, лидер во идниот развој во областа на технологијата. „Нашите иновации се дизајнирани да обезбедат лични и интуитивни искуства што ја изразуваат вашата личност. Се трудиме да ги претставиме иновациите од следната генерација за вашето подобро утре, со вештачка интелигенција (AI) како главен двигател“, додаде Sebastian Seung.

- Advertisement -

Создавање поинтимно и персонализирано корисничко искуство

Бидејќи луѓето минуваа повеќе време дома минатата година, технологијата што ја посакуваа стана онаа која им е потребна. Потпирајќи се на оваа технологија, луѓето сфатија на кои начини поврзани решенија можат да го олеснат животот. Телевизорите се важни за забава – но и за фитнес. Chromebook уредите станаа клучни алатки за учење дома. Паметните фрижидери помогнаа во шопинг и подготовка на оброци од далечина. Паметените телефони станаа неопходност.

- Advertisement -

Континуираните инвестиции на Samsung во иновации, кои се прилагодуваат на различните стилови на живот, му овозможува да биде во чекор со брзите промени. Клучните иновации претставени од оваа компанија вклучуваат:

  • Samsung Bespoke 4-Door Flex фрижидер: Најновата верзија на Bespoke фрижидерот содржи променливи панели што можат да се најдат во повеќе бои и различни материјали, овозможувајќи им на потрошувачите да го прилагодат својот фрижидер со одреден облик и функција. Новиот модел со четири врати, достапен во Северна Америка од оваа пролет, исто така, располага со сосема нов Beverage Center ™, кој обезбедува брз пристап до дозерот за вода и бокалот за вода кој имаат автоматски се полни. Фрижидерот има и двоен ладник за мраз, што прави не само обични коцки мраз, туку и „трошки“, што одговара на различните преференции за ладни пијалоци. 
  • 110-инчен MICRO LED: овој нов екран содржи само-осветлени неоргански LED диоди со Infinity  дизајн на екран со многу тенка рамка, што непречено се меша со животниот простор. Резултатот е спектакуларно искуство во гледање со зачудувачки квалитет на слика. 110-инчен MICRO LED екран има „4Vue“ (четирикратен дисплеј), односно можност за гледање со четири опции – за да можете да гледате повеќе спортови одеднаш или да следите упатства додека играте видео игри.
  • Lifestyle телевизори: најсовремената линија на Samsung телевизори ги вклучува моделите The Serif, The Frame, The Sero и The Terrace, како и неодамна лансираните 4K QLED outdoor TV, потоа Samsung The Premiere – 4K ласерски проектор сличен на кино.
  • Алатка SmartThings Cooking: новата услуга на Samsung – SmartThings – е дизајнирана да ги направи вашите кулинарски вештини беспрекорни. Автоматскиот планер за оброци од Whisk’s Food AI препорачува оброци цела недела, прави списоци за купување со потребните состојки и користејќи го фрижидерот Famili Hub ™ или преку мобилен телефон испраќа пораки до трговците за прехрамбени производи. Рецептите може да се испраќаат директно до синхронизираните Samsung апарати за готвење за да се намали можноста за грешка.
  • Samsung Health Smart Trainer на Samsung телевизорите за 2021: Samsung Health го претвора вашиот дом во лична теретана, а новата опција Smart Trainer ја следи и анализира вашата положба на телото во реално време, исто како личен тренер. За време и по тренингот, Smart Trainer ви дава повратна информација за формата, ви помага да броите повторувања и проценува потрошени калории. Со помош на видеа и интерактивен тренинг обезбеден од гласовниот асистент Bixbi, Samsung Health Smart Trainer го подобрува и персонализира искуството за вежбање дома.

Воведување на вештачка интелигенција и роботи во секојдневниот живот и одржување на домаќинствата

- Advertisement -

Samsung веќе долго време е водечка компанија во иновациите со вештачката интелигенција и роботиката, за да ја унапреди технологијата користејќи ги своите седум глобални истражувачки центри за AI. Воведувајќи AI во своите производи, Samsung создава нови искуства во домот – од машини за перење кои оптимизираат потрошувачка на вода, детергент и циклуси на перење, до телевизори со Quantum AI процесор што може да ги подобри HD содржините до беспрекорна 8K резолуција.

Главните технологии претставени на конференциата за медиуми ги вклучуваат следните:

  • JetBot 90 AI+: оваа нова правосмукалка користи технологија за препознавање предмети за да ги идентификува и класифицира, организирајќи ја на овој начин патеката за чистење. LiDAR и 3D сензорите му овозможуваат на JetBot 90 AI + да избегнува кабли и мали предмети, а покрај тоа да ги чистете и тешко достапни агли во вашиот дом. Тој е опремен и со камера, па затоа е интегриран со апликацијата SmartThings и помага за прегледување на куќата.
  • Samsung Bot™ Care: последната иновација во растечката линија на роботика на Samsung што е во фаза на развој, Samsung Bot ™ Care е дизајнирана да користи AI за да го препознае и одговори на твоето однесување.Ќе може да биде и робот асистент и придружник, кој ќе се грижи за деталите во вашиот живот. Тој исто така ќе ве научи на распоредот и навиките и ќе ви испрати потсетници кои ќе ви помагаат во текот на целиот ден. 
  • Samsung Bot™ Handy: исто така се наоѓа во фаза на развој и ќе се потпре на напредната вештачка интелигенција која препознава и собира предмети со различна големина, облик и тежина, помагајќи ви во работите низ куќата.Samsung Bot ™ Handy ќе може да го разликува составот на предметите, користејќи соодветна сила за фаќање и преместување, така што тоа ќе биде ваш сигурен партнер во домашните работи, како што е чистење на неуредни простории или средување на садови после оброк.

Со визија за иднината, Samsung развива и други опипливи апликации на AI технологии во секојдневниот живот. Samsung продолжува да ја надградува својата Samsung Bot ™ Retail, што ќе биде водич за малопродажните објекти и GEMS, Samsung egzoskelet, здравствен асистент во движење. Овие иновации им овозможуваат на роботите и роботските уреди да коегзистираат со луѓето, да ги подобруваат нивните животи и да се грижат за различни стилови на живот и различни средини.

Технологија за подобра иднина 

На конференцијата за медиуми на саемот CES 2021, Samsung ја сподели визијата на брендот за тоа како технологијата може да овозможи напредок и да создаде подобро утре. Одржлива иднина бара широк спектар на инвестиции, поради што Samsung е фокусиран на трите клучни области што ќе имаат најголема корист од технолошките иновации: одржливост, образование и достапност.

„Секогаш бараме начини да изградиме подобра, одржлива иднина. Фокусирани на животната средина, луѓето и општеството, ќе продолжиме да им обезбедуваме на нашите потрошувачи одговорни алатки и технологии за решавање на денешните предизвици и подобра иднина.“, изјави Sandip Rana, сениор менаџер, специјалист за одржливост на животната средина во компанијата Samsung.

Како дел од својата заложба за создавање циркуларна економија, Samsung развива програми и решенија за пакување кои промовираат одржлив животен век на производот:

  • Galaxy Upcycling во домот: најавено е ажурирање на оваа програма што го продолжува животниот циклус на постариот Galaxy телефон и им нуди на потрошувачите можност да ја променат намената на нивниот уред за да создадат низа удобни IoT алатки.
  • Еколошко пакување за TV: Samsung објави дека концептот на еко-пакување ќе се прошири и на QLED, UHD телевизори, монитори и аудио производи во 2021 година. Како дел од постојаната посветеност за еколошката свест, Samsung ќе произведува еколошки одржливи производи, како што е новиот Solar Cell далечински управувач направен делумно од рециклирана пластика, кој може да се полни со сончева или внатрешна светлина, со што ќе се намали потрошувачката на батерија.

Верувајќи дека идните генерации ќе играат клучна улога во создавањето на одржлива иднина, Samsung даде приоритет на технолошкото образование преку програмата Samsung Solve for Tomorrow, што ги охрабрува младите креативно да ја користат технологијата за решавање на предизвиците во заедницата и Samsung Innovation Campus, кој им помага на студентите да развијат техничка и лични вештини за идни работни места.

За да ги направи своите производи подостапни за сите, компанијата Samsung ја развива апликацијата SeeColors, која им помага на лицата со оштетен вид да ги прилагодуваат поставките на своите QLED 2021 телевизори, за подобро гледање, а функцијата за зумирање на знаковниот јазик на телевизорите им помага на лицата со оштетен слух да ги уживаат придобивките од модерната технологија во гледањето телевизија.

Сфаќајќи ги предизвиците на споредувањето на рамнотежата помеѓу нашите дигитални и аналогни животи, Samsung ја претстави фукцијата Digital Wellbeing, дизајнирана да им помогне на луѓето да преземат контрола и да управуваат со своето дигитално време.

За повеќе информации, фотогарфии или видеа за производите кои Samsung ги најави на саемот CES 2021, посетете ја: http://news.samsung.com.

Сподели!
- Advertisement -