Фестивалот Sundance виртуелно ќе не однесе во вселената да гледаме филмови

- Advertisement -

Фестивалското искуство на Sundance годинава вклучува виртуелна вселенска станица со бар, уметничка галерија и кино, кои сите ќе орбитираат околу Земјата до Интернационалната вселенска станица.

Малку подоцна овој месец филмскиот фестивал Sundance ќе отклучи виртуелен портал надвор од Земјината атмосфера и ќе ни овоззможи симулација на една вселенска градина. Со децении Sundance ги собираше љубителите на филмовите во планинското гратче Парк Сити во американската сојузна држава Јута, но корона вирусот го принуди Sundance да пронајде виртуелна средина за својата уметничка атмосфера.

- Advertisement -

Тоа ќе биде една комбинација од Zoom, Fortnight и Legoland” изјавија креаторите на Sundance.

За да ја направат виртуелната средина Sundance ги здружи силите со компанијата која дизајнира дигитални искуства, Active Theory. Вселенската градина е простор за ориентација на еден корисник. Таму можеме да го изберете својот аватар, и да се навикнете на механиката на движење во виртуелниот свет. Базирана на WebXR, можете до неа да пристапите преку веб пребарувач, да се движите со стрелките или да кликате во просторот. Но, можете да пристапите и со очила за виртуелна реалност за уште подобро искуство.

- Advertisement -

Од вселенската градина можете да влезете во еден од трите главни простори на фестивалот: Film Party, Cinema House и New Frontier Gallery.

Film Party е единствениот кој кругот со фотографија што стои до аватарот го заменува со пренос во живо од камера, исто како да користите Zoom. Film Party има до шест забави кои се случуваат истовремено, а секоја од нив може да собере до 250 луѓе.

- Advertisement -

Cinema House е ексклузивна за луѓето кои користат VR. Таму се рекреира концептот на гледање филм во театар. Присутните можат да се дружат 10 минути пред почетокот на филмот, а потоа комуникацијата се исклучува за време на филмот. После филмот присутните се транспортираат до забавите.

New Frontier Gallery има најслободна форма, исто како да се движите низ една вселенска изложба на уметнички дела. The New Frontier програмата годинава вклучува експерименти кои може да се прават на интернет без оглед на технологијата која ја имате дома.

(CNET.com)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -