Индонезија ќе почне да вакцинира со вакцината на кинески Sinovac Biotec. Таа вакцина ќе се искористи за имунизација на младите вработени луѓе, а потоа на постарите лица со цел да се постигне имунитет на стадото.
Индонезија вели дека нема доволно податоци за ефикасноста на вакцината кај постари луѓе затоа што клиничките испитувања во земјата вклучуваат луѓе на возраст од 18 до 59 години.
Додека Индонезија се подготвува за масовна вакцинација нејзиниот план да даде приоритет на младите наместо на постарата популација ќе биде под будното око на сите други земји. Неколку земји како САД и Велика Британија веќе почнаа со вакцинација на најстарите луѓе, кои се поподложни на респираторни болести.
Се очекува да пристигнат 125,5 милиони дози од вакцината против корона вирусот на Sinovac, а првите 3 милиони дози веќе се во земјата. Вакцината на Pfizer се очекува да пристигне во земјата во третиот квартал од годинава, а вакцината на AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд ќе почне да се дистрибуира во вториот квартал.
Експертите велат дека овој пристап на Индонезија е битен затоа што ќе покаже дали има подраматичен ефект отколку стратегија на Европа и на САД бидејќи сега никој не го знае одговорот.
Според некои експерти, младите вработени луѓе се генерално поактивни, повеќе се дружат и патуваат, па затоа оваа стратегија на Индонезија треба да го намали ширењето на вирусот во општеството побрзо отколку вакцинацијата на најстарата популација. Но, од друга страна, постарите луѓе се поподложни на посериозни заболувања, па нивната вакцинација има рационална основа и веројатно и двете стратегии ќе имаат позитивни резултати.
Со вакцинацијата на социјално и економски поактивните групи индонезиската влада се надева дека побрзо ќе достигне колективен имунитет. Индонезискиот министер за здравство изјави дека земјата ќе мора да вакцинира 181,5 милиони луѓе или околу 67% од популацијата за да се достигне колективен имунитет и ќе бидат потребни речиси 427 милиони дозивакцини.
Некои експерти се скептични во врска со достигнувањето на имунитетот на стадото затоа што треба да се направат повеќе истражувања за да се утврди дасли вакцинираните луѓе можат да го пренесуваат вирусот.
Економистите, пак, велат дека успешната вакцинација која опфаќа околу 100 милиони луѓе ќе помогне да се оживее економијата и да се продолжи со вообичаените економски активности како трошење пари и производство. Тие потенцираат дека луѓето на возраст од 18 до 59 години имаат поголеми потреби за консумација отколку другите групи. Токму затоа тие би ја заживеале економијата поврзо затоа што придонесуваат со над 50% во економијата на Индонезија.
(World Economic Forum)
(фото: Snl.no)