Луѓето кои оздравеле од КОВИД-19 имаат имунитет неколку месеци, но можат и понатаму да го шират вирусот

- Advertisement -

Луѓето кои биле болни од КОВИД-19 и оздравеле веројатно имаат имунитет најмалку пет месеци, но можат да го носат во себе вирусот и да го шират, покажа најнов истражување од Обединетото Кралство. Прелиминарните резултати на научници од Државната агенција за здравје на Англија покажаа дека случаите на реинфекција кај луѓето кои го прележале корона вирусот се ретки. Од 6.614 анализирани случаи повторно се заразиле само 44 луѓе.

Меѓутоа, британските експерти предупредуваат дека тоа сознание значи дека луѓето кои биле во контакт со вирусот во првиот бран од пандемијата на почетокот на 2020 година сега повторно се подложни на зараза. Предупреудваат дека и луѓето со т.н. природен имунитет, кој е стекнат преку заразување со корона вирусот, можат да го носат САРС-КоВ-2 вирусот во носот и во глрото и да го пренесуваат на други луѓе.

- Advertisement -

„Знаеме дека најголем дел од оние кои биле заразени и развиле антитела се заштитени од реинфекција, но уште не знаеме колку долго трае таа заштита“ вели една од авторките на студијата, Сузан Хопкинс. i suvoditeljica studije Susan Hopkins.

Тоа значи дека иако некои веруваат дека се заштитени затоа што ја преболеле заразата, може да бидат уверени дека мала е веројатноста да развијат сериозни симптоми на инфекцијата, но постои ризик дека ќе се заразат и таа зараза ќе ја пренесат на други луѓе, додава таа.

- Advertisement -

Во студијата се наведува дека истражувањето не се однесува на антителата или другите имунолошки реакции стекнати со вакцината против КОВИД-19, а сега тие реакции ќе се истражуваат подоцна годинава. Истражувањето се вика SIREN study и е спроведено на десетици илјади здравстени работници во Велика Британија кои редовно се тестирале на присуството на КОВИД-19 и на антитела од мај минатата година.

Научниците планираат да продолжат да ги следат испитаниците за да видат дали кај нив трае стекнатиот имунитет и подолго од пет месеци. Сепак, предупредуваат дека наодите од други истражувања покажуваат дека луѓето со природен имунитет уште долго време во себе носат високи нивоа на вирусот и го пренесуваат на други луѓе.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -