Наскоро ќе биде реализирана првата мисија на вселенската компанија Blue Origin со човечки екипаж

- Advertisement -

Се поблиску сме до првата мисија со човечки екипаж на вселенската компанија Blue Origin, која ја основаше основачот и на Amazon, Џеф Безос. Вчера беше направен уште еден чекор напред кон успешната мисија, односно беше релизиран тест-лет наречен NS-14. Тоа беше 14. по ред лет со леталото New Shepard, кое е составено од ракета и капсула, дизајнирани да може да се користат повеќе пати, слично како и ракетите на SpaceX.

Нов тест-лет е планиран за шест недели отсега, додека историскиот лет со човечки екипаж се очекува во април годинава, ако во меѓувреме не дојде до некои непредвидени ситуации и проблеми. Џеф Безос во вселената гледа голем туристички потенцијал.

- Advertisement -

Кратко после полетувањето капсулата, во која има место за шестмина, се одвојува од ракетата, која се враќа на Земјата за да може повторно да се употреби во нови мисии. Капсулата кратко се задржува во орбитата на висина од над 100 км, а благодарение на дизајнот со големи прозорци, ќе овозможи идеален поглед на нашата планета.

Таквиот краток вселенски излет игледа идеален за луѓето кои се уште веруваат дека Земјата е една рамна плоча. После краткиот лет капсулата се враќа на Земјата, при што за намалување на брзината користи падобрани. После слетувањето и техничкиот преглед, и капсулата набрзо ќе биде подготвена за нов лет.

- Advertisement -

Станува збор за целосно автономно летало, во кое нема место за пилоти, туку сите места се наменети за вселенски туристи.

(Digital Trends)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -