Паметно детско креветче ги успива бебињата со помош на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Една од најтешките работи со кои се соочуваат родителите поосле раѓањето на бебето е спиењето. Ретки се тие чии бебиња сами заспиваат и спијат најголем дел од ноќта или цела ноќ. Првите неколку месеци бебињата главно се будат повеќе пати во текот на ноќта и може со саати потоа да ги успивате.

Додека некои луѓе имаат дадилки или баби и дедовци на помош, изгледа дека во иднина на родителите кои имаат бебиња или мали деца ќе им помага вештачка интелигенција. Компанијата Cradlewise го најави својот нов производ – паметно креветче за деца со напредна технологија, вклучувајќи и вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Над креветчето се наоѓа екран и камера преку која родителите можат да го проверуваат бебето кога не се во собата, како и звучник за да пуштат песни за успивање. Исто така, камерата го следи движењето на бебето и го анализира спиењето, а податоците за анализата на сонот ги испраќа до родителите преку апликација.

Покрај тоа, креветчето има и механизам за лулање со повеќе брзини и начини на лулање. Она што е навистина посебно е вештачката интелигенција, која го учи однесувањето и спиењето на детето и може да го прилагоди креветчето на неговите навики.

- Advertisement -

На пример, вештачката интелигенција знае која музика и кое лулање го смирува детето и ги активира. Исто така, кога камерите според движењето ќе препознае кога би можело да се пробуди бебето, активира лесно лулање на креветчето за повторно да го успие, а кога ќе заспие престанува и лулањето.

Cradlewise моментално го тестира креветчето во САД, а како што пишува Engadget, ќе може да се нарача во претпродажба почнувајќи од април годинава.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Cradlewise screenshot)

Сподели!
- Advertisement -