Старите мобилни телефони може да се искористат на различни начини, а Универзитетот Чилалонгкорн на Тајланд има навистина посебен начин. Имено, тајландскиот универзитет искористи 500 стари донирани телефони и ги претвори во микроскопи за студентите.
Во земјата и во нејзините школи недостига научна опрема, па мобилните телефони послужиле како алтернатива. Планот е Универзитетот да направи 2.500 микроскопи.
Нема други детали за микроскопите, освен тоа дека се користат т.н. CU Smart Lens леќи, а објавена е и фотографија на која може да се види телефон поставен на уред со штипка, на која пишува 50X. Исто така, на екранот на мобилниот телефон е прикажан примерок кој се гледа под „микроскопот“.
И покрај тоа што нема детали, ова сигурно е многу битен проект затоа што им помага на студентите, а истовремено ја намалува количината електронски отпад.
(Klix.ba)
(фото: Chulalongcorn University screenshot)