7 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Иницијатива „WeBalkans – млади европски амбасадори”: Втор настан „WeGreen, Youth goes clean”

Kabtel desktop

Заштита на околината и климатските промени е тема на вториот настан „We Green, Youth goes clean” на младите европски амбасадори што ќе се одржи денеска онлајн. Настанoт, како што соопшти проектниот тим на младите европски амбасадори, ќе биде посветен на зелената агенда на Западниот Балкан, стратегија за справување со загадувањето, како и сѐ она што младите можат да сторат за да го направат нашиот регион „зелен”, а воедно и поздраво место за живеење.

– Нашите млади европски амбасадори ќе ве запознаат со некои од најреномираните и најинтересни говорници од цела ЕУ и Западен Балкан. Со нив ќе воспоставиме интерактивна комуникација за некои од најактуелните проблеми, се вели во соопштението.

Иницијативата „WeBalkans – млади европски амбасадори” е дел од Стратегијата за регионална комуникација на Европската Унија за Западен Балкан. Мрежата на млади европски амбасадори e основана во август 2020 година, откако над 400 млади луѓе од целиот регион се пријавија да учествуваат, при што тие собраа повеќе од 80.000 гласови поддршка од цела ЕУ и регионот.

– Финалните 60 победници, денес познати како „Млади Европски Амбасадори”, се дел од креативната мрежа на идни инфлуенсери од целиот регион на Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Исто така, тие се и лица кои се заинтересирани да споделат и поддржат различни теми како интеркултурно учење, заеднички регионални и локални иницијативи, уметност, култура, спорт, дигитални технологии, заштита на човекови права, додаваат во соопштението.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •