Kонференција „Бизнис без корупција“: Само со сузбивање на корупцијата ќе го поттикнеме економскиот развој

- Advertisement -

Конференцијата се одржа како завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис сектор“ финансиран од Европската Унија и спроведен од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со  Конект  и Здружението на даночни советници. 

Регулативи и механизми има, но фали имплементација на политиките за намалување и сузбивање на корупцијата. Борбата против корупцијата  мора да бидат резултат на синергија и соработка помеѓу сите засегнати страни – бизнис секторот (приватен и државен), државните институции и граѓанскиот сектор. Сепак, корупцијата е “двонасочна улица“ и сите во општеството, почнувајќи од поединечно кон колективно ниво, мора ја смениме културата и перцепцијата за корупцијата и заеднички да придонесеме во искоренување на овој феномен којшто ја подјадува економијата и општеството генерално.

- Advertisement -

Ова беа само некои од клучните поенти изнесени денеска на конференцијата „Бизнис без корупција“ што се одржа онлајн. Конференцијата со поздравно обраќање ја отвори г. Љупчо Николовски, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, којшто истакна дека транспарентноста и отчетноста се основата на борбата против корупцијата и криминалот.

г. Фрик Јанмат, раководител на одделение за економски прашања, градење на институции и прекугранична соработка при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија го истакна негативно да влијае на корупцијата во секоја област од животот –  „бизнисот, инвестициите, образованието, работното место, иновациите, уживањето во јавни добра како чиста околина, јавна инфраструктура, здравје и безбедност”

- Advertisement -

„Институциите мора да покажат ред, дисциплина бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Само со сузбивање на корупцијата ќе го поттикнеме економскиот развој, кој денес е силно потиснат од глобалната пандемија “, рече Николовски. Директорката на здружението „Конект“,  Никица Кусиникова, се осврна на резултатите на Проектот за борба против корупцијата, којшто траеше три години и опфати активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

„По примерот на добрата европска и светска пракса развивме платформа за бизнис интегритет којашто се состои од обуки, алатки за самопроценка, советување и консултации за компаниите да ги унапредат своите политики и процедури, споделување на искуства, како и понатамошна проверка (како еден вид сертифицирање) на програмите на компаниите за спречување на корупција. Преку 200 претставници на компании учествуваа на обуките и научија како да се справат и штитат од корупција во сопствените редови, но и корупцијата на релација бизнис – државни институции и бизнис – бизнис. Иако Проектот финишира, ние не застануваме тука, борбата против корупцијата е долг и трнлив пат, на којшто само со заеднички сили на сите засегнати страни можеме да оствариме значителни резултати.“, истакна Кусиникова.

- Advertisement -

На конференцијата денеска свое обраќање имаа врвни учесници од странство, како претставникот од Делегацијата на ЕУ, ЕБОР, швајцарската и бугарската мрежа на Глобалниот договор, експерт од Босна и Херцеговина, владини претставници, но и од домашни лидерски компании кои применуваат системи за интегритет штитејќи се од корупција и нејзините неповолни влијанија на бизнисот.

Сподели!
- Advertisement -