Научници развија синтетички антитела кои штитат од корона вирусот

- Advertisement -

Синтетичките антитела кои ги разви групата Eli Lilly ќе овозможат ризикот од зараза со КОВИД-19 да се намали за 80%, покажуваат првичните резултати од студијата спроведена во старечки домови во САД.

„Многу сме задоволни од позитивните резултати кои покажуваат дека „bamlanivimab“ (комерцијалното име на синтетичките антитела) помагаат да се спречи КОВИД-19, да се намали симптоматскиот облик кај старите луѓе“, изјави Даниел Сковронски, лидер на научната група.

- Advertisement -

Испитувањето со поддршка од американската влада опфати 299 жители на старечки домови и 666 членови на медицинскиот персонал во тие установи, кои биле негативни на корона вирусот при тестирањето пред почетокот на терапијата. Учесниците, кои биле избрани по случаен избор, добивале или 4,2 грама „bamlanivimab“ или плацебо.

После осум недели опасноста од развој на симптоматски облик на КОВИд-19 се намалила за 57% кај две лица што примиле ситнтетички антитела. Во една подгрупа која примала „bamlanivimab“ опасноста за зараза со КОВИД-19 се намалила за 80%, тврдат авторите на студијата.

- Advertisement -

Четворица заразени со вирусот во тие установи умреле, а сите тие примале инјекција плацебо. Тоа се првичните резултати од студијата и се очекува други научници да ја анализираат студијата.

Еленор Рајли, професорка по имунологија во Единбург, смета дека терапијата со синтетички антитела може да биде дополнување за вакцината. Секогаш ќе постои мал дел од популацијата кој нема да смее да се вакцинира или нема добро да реагира на вакцината поради претходни медицински тегоби, додава Рајли.

- Advertisement -

„Овие резултати ги надминуваат нашите очекувања и покажуваат дека ваквата терапија може да се користи и за превенција и за лечење на болеста“, вели Ник Камак, експерт за истражување клетки на КОВИД-19 во британското здружение Wellcome.

Синтетичките антитела се вбризгуваат интравенозно и го имитираат она што го прави имунолошкиот систем кога ќе се зарази со корона вирус така што блокираат пипците на вирусот да се закачат за човечките клетки и да навлезат во нив.

(Zimo)

(фото: State of reform)

Сподели!
- Advertisement -