Ова се топ 20 најздрави градови во светот

- Advertisement -

Креаторите на сајтот money.co.uk спроведоа студија на темата најздрав град во светот. При студијата земен е предвид и факторот кој повеќе од една година ги условува животите на сите нас – пандемијата на КОВИД-19. Согледувани се и многу други параметри како што се: нивото на гојазност на граѓаните, животниот век, нивото на загадување, безбедноста, просечниот број сончеви саати итн.

После детални анализи составиле листа со топ 20 градови, а победникот е неочекуван – градот Валенсија во Шпанија. Медитеранскиот стил на живот, идеалната храна и климата, како и одличната географска положба, кои обезбедуваат ниско ниво на загаденост, го прават овој град најдобро место за живот во овој момент.

- Advertisement -

Она што ги израдува сите Шпанци е дека нивната престолнина го зазеде високото второ место, а тој резултат не изненади многумина. Имено, жителите за земјата се водат од премисата – работи за да живееш, а не живеј за да работиш. На тој начин тие постигнуваат баланс и имаат активен начин на живот, во кој пронаоѓаат место за дружење и одмор.

На трето место е Лисабон, па следуваат Виена и Канбера, а најблизок град до нас кој се најде на оваа листа е Љубљана, која се најде на високото 9. место.

- Advertisement -

Еве ја целосната листа со топ 20 најздрави градови во светот:

1.Валенсија, Шпанија
2.Мадрид, Шпанија
3.Лисабон, Португалија
4.Виена, Австрија
5.Канбера, Австралија
6.Тела Авив, Израел
7.Токио, Јапонија
8.Хаг, Холандија
9.Љубљана, Словенија
10.Цирих, Швајцарија
11.Аделаид, Австралија
12.Хаифа, Израел
13.Порто, Португалија
14.Рејкјавик, Исланд
15.Темшивар, Романија
16.Клуж, Романија
17.Хелсинки, Финска
18.Бурса, Турција
19.Бризбејн, Австралија
20.Копенхаген, Данска

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -