Системот Hydraloop може да рециклира до 980 литри вода дневно

- Advertisement -

На филм рециклирањето на водата можеби е претставено како нешто комплицирано за кое се потребни многу машини, но во новиот документарец на Netflix ќе дознаете нешто повече за системот Hydraloop. Станува збор за едноставен систем за рециклирање кој може да се користи во секоја зграда и во секој дом, во кое било времне. Оваа иновација беше претставена на CES 2020 и на CES 2021 и освои неколку награди.

Hydraloop е претставен и во документарецот „Храбар син свет“ (Brave Blue World), каде што се претставува реалноста со водите и климатските промени. Документарецот е снимен на пет континенти и покажува како се менаџира со водите низ целиот свет.

- Advertisement -

Компанијата Hydraloop произведува и продава системи за рециклирање на вода. Неодамна го претставија Hydraloop H600 и Hydraloop Cascade. Целта на Hydraloop е да креира компактен систем за рециклирање кој може да се користи во канцеларии, хотели, станбени згради, домови и каде било каде што има водовод или природна вода.

Системот ја собира водата од машините за пррење, кадите и тушевите. Водата од клима уредите може исто така да се додаде во Hydraloop. Тие води се прочистуваат и се дезинфицираат за повторно да може да се употребат. Третираната рециклирана вода не смее да се пие и да се готви со неа.

- Advertisement -

Системите на Hydraloop користат електрична енергија. Со цел да се поврзе со системот сите доводи на вода мора да се стават во една цевка. Сите цевки мора да се обележани за да се знае од каде доаѓа валкана вода.

Постариот модел Hydraloop H300 може да прочисти до 530 литри вода дневно или 190.000 литри годишно. Новиот Hydraloop H600 чисти околу 980 литри вода дневно во домови или мали бизниси. Моделот Cascade нуди комерцијални можности за поголеми бизниси. Системите Hydraloop не се големи или премногу комплицирани, а секој поискусен водоводџија може да ги постави. Кога ќе се постави, Hydraloop почнува веднаш да рециклира вода.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -