Направена првата фотографија од британската варијанта на корона вирусот

- Advertisement -

Научници од Роспотребнадзор, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, први успеаја да направат фотографија од британската варијанта на корона вирусот. Државниот истражувачки центар Вектор стана првиот во светот кој направи фотографија од британската варијанта, која беше изолирана кај пациент во декември минатата година.

Фотографијата на вирусот под микроскоп е направена во текот на студија на таа варијанта на корона вирусот, вклучувајќи ги и неговите структурни карактеристики и нивната експресија во клетичните структури и експерименталните модели со користење на лабораториски животни, се вели во сооопштението на агенцијата.

- Advertisement -

Воо соопштението пишува дека Роспотребнадзор развил и PCR тестови кои можат да ја откријат таа нова варијанта кај пациентите и да ја разликувата од немутираните верзии на корона вирусот.

Мутациите карактеристични за британскиот корона вирус не влијаат на ефикасноста на вакцината EpiVacCorona, која во себе содржи пептиди на антигените кои се меѓу најконзервативните делови на вирусниот протеин и на кој проемнтие откриени во вирусот не влијаеле, се вели во заклучокот од соопштението.

- Advertisement -

Велика Британија во декември минатата година објави дека во земјата е откриена нова варијанта на корона вирусот, која може да биде и до70% позаразна од другите варијанти на САРС-Ков-2. После тие вести многу земји ги суспендираа патувањата кон и од Велика Британија.

(Sputnik)

- Advertisement -

(фото: Rospotrebnadzor.ru)

Сподели!
- Advertisement -