Кина досега вакцинираше дури 22,8 милиони луѓе

- Advertisement -


Кина досега вакцинираше околу 22,8 милиони луѓе, изјавија кинеските сдравствени власти. Земјата ја засилува кампањата во пресрет на празникот Лунарна Нова година и зголемениот број патувања. Најнаселената земја во светоѕ ја прошири својата проиграма за вакцинирање од срредината на декември минатата година и ги вклучи приоритетните возрасни групи кои се под поголем ризик со цел да спречи ширење на заразата во текот на зимата и напролет.

Како што велат властите, вакцинирањето напредува уредно и брзо. Кина планира да вакцинира 50 милиони луѓе пред Лунарната Нова година во февруари. Националната програма за вакцинирање сега дава предност на вработените во медицинскиот, транспортниот и прехранбениот сектор, како и на вработените и на студентите кои одат во странство. Постарите лица и остатокот од населението ќе мора да почека.

- Advertisement -

Меѓутоа, квартот Чаојанг во Пекинг веќе почна да вакцинира и луѓе кои не се дел од приоритетните групи. Некои заедници во округот Донгченг велат дека жителите на возраст од 18 до 59 години може да се пријават за вакцинирање, но не велат кога ќе бидат достапни дозите вакцини.

Властите ширум земјата воведоа мерки како домашен карантин, ограничување на патувањата и масовни тестирања со цел да се сузбие болеста во пресрет на нивниот национален празник , кога обично патуваат стотици милиони луѓе.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -