Во Бразил забележани случаи на пациенти истовремено заразени со две варијанти на корона вирусот

- Advertisement -

Кај најмалку двајца пациенти во Бразил потврдено е дека истовремено биле заразени со две варијанти на новиот корона вирус, вклучувајќи ја и јужноафриканската.

Тие пациенти покажувале благи или умерени симптоми на болеста КОВИД-19, без потреба за хоспитализација, пренесува бразилската новинска агенција EFE повикувајќи се на истражувањето на бразислката Национална лабораторија за научна информатика.

- Advertisement -

Истражувањет открило дека во јужните делови од бразилската покраина Рио Гранде до Сул циркулираат најмалку пет варијанти од новиот корона вирус, вклучувајќи ја и претходната варијанта VUI-NP13L.

Бразил досега бележи повеќе од 10 милиони заболени од КОВИД-19 и повеќе од 221.000 смртни случаи од болеста.

- Advertisement -

(Sputnik)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -